Сопругот на Антониа Гиговска ја изведе авторската песна „Не могу“, но Реља Поповиќ и Наташа Беквалац не беа импресионирани од настапот.
Роберт Спасенцовски реши да го покаже својот музички талент пред регионалната публика и се појави во популарното шоу „IDJShow“. Македонскиот музичар, кој е сопруг на Антониа Гиговска, пред жирито ја изведе својата авторска песна „Не могу“.
Сепак, неговиот настап не ги освои членовите на жирито Реља Поповиќ и Наташа Беквалац. Поповиќ по изведбата имаше забелешки за настапот, а притоа рече:
Не е добро ова. Освен свирењето клавир, сè друго беше онака…“.
На неговата забелешка веднаш се надоврза и Беквалац со уште пократок, но остар коментар:
Не беше ни свирењето на клавир“.
Кога Роберт откри дека самиот ја напишал песната, Поповиќ продолжи со критиките и порача:
Поврзани објави
Не е добар ни текстот“.
Спасенцовски инаку редовно ја придружува Гиговска на нејзините настапи во живо, а двајцата заедно работеа и на нова верзија на популарната песна „Чукај, чукај“ со Благица Павловска.
Овојпат, сепак, неговиот соло настап пред регионалното жири не помина според очекувањата.
Screenshot Instagram