Каролина Гочева повторно отпатува во Прага, градот во кој очигледно со задоволство се враќа. Македонската пејачка сподели неколку снимки од чешката престолнина на својот Инстаграм-профил, а покрај една од нив кратко напиша: „Hello Prague. Еве ме пак“.
Гочева објави кадри од центарот на Прага, прикажувајќи ја препознатливата архитектура и атмосферата на градот. Ова не е нејзина прва посета на чешката престолнина – во јуни минатата година таа престојуваше таму со сестра ѝ Александра и внуките Инес и Луција.
Тогаш семејното патување го искористија и за посета на концертот на светската музичка ѕвезда Били Ајлиш, а Каролина сподели и повеќе моменти од престојот. Судејќи според нејзината порака „Еве ме пак“, Прага повторно ѝ била избор за кратко бегство и уживање во убавините на градот.
Нејзиното патување доаѓа само неколку дена по промоцијата на новата песна „Си љубела, ќе љубиш“, која Каролина ја сними во соработка со Пијан Славеј и Драги Иванов.
Поврзани објави