Нејзината објава допре до многумина кои и самите ја почувствувале болката од загубата на родител
За болката по загубата на најблиските времето понекогаш како да нема никакво значење. Македонската пејачка Елена Ристеска денес се присети на својот татко, по повод 10-годишнината од неговата смрт, споделувајќи емотивна порака на социјалните мрежи.
„Пред 10 години денешниов датум стана најтажниот ден во мојот живот и ќе остане засекогаш! Те сакам тато до бескрајот! Кој од вас изгубил родител?“, напиша Елена.
Поврзани објави
Со овие едноставни, но искрени зборови, пејачката уште еднаш покажа дека годините можат да поминат, но љубовта кон родителот и спомените што ги носиме со себе остануваат.
Нејзината објава допре до многумина кои и самите ја почувствувале болката од загубата на родител, а во коментарите сигурно ќе се препознаат сите оние за кои еден датум засекогаш останал запишан како најтежок во животот.
ФОТО: ИНСТАГРАМ