Кога ви ѕвони во уво, можеби некој ве озборува или ве сака – дознајте што симболизира секоја страна
Многу верувања и суеверија се врежани во главата на нашиот народ. Едно од нив е особено интересно, а поврзано е со ѕвонењето што понекогаш го слушаме во десното уво.
Кога ѕвони во увото, некој се обидува да ви порача нешто или некој ве озборува. Старите верувања велат дека не е сеедно за кое уво станува збор: ако е десното, можно е некој да зборувал лошо за вас, а ако е левото, некој ве спомнувал во позитивна конотација.
Ако сакате да се одбраните од злобниците поради кои ви ѕвони во десното уво, повлечете се за увото. Народот верува дека така ќе се гризнат за јазик и ќе престанат да зборуваат.
Палец подигнат нагоре е знак на среќа, симбол што претставувал позитивен поглед на секоја ситуација или настан. За римските гладијатори тоа значело дека ќе преживеат уште еден ден, до новата борба.
Денес, тоа е порака за надеж или пофалба за некого. Инаку, палецот како симбол влече корени од прачовекот, кој забележал дека бебињата обично се раѓаат така што го стискаат својот палец, а тоа се толкувало како прв знак за живот.
Поврзани објави
Еден од најдобрите начини да одбегнете несреќа се прекрстените прсти. Моќта на овој ритуал се поврзува со периодот на раните христијани, кои морале тајно да се состануваат. Бидејќи не можеле јавно да го покажуваат симболот на крст, тие ги прекрстувале показалецот и средниот прст, како потсетник на Христовото страдање.
Кога некој ќе кивне, рефлексно одговараме „На здравје“.
Овој обичај има европски корени, бидејќи во многу делови од Европа се верувало дека со кивањето ја исфрламе душата од телото, па со благословот ја штитиме личноста која кивнала од смрт.
Во времето на големата чума, нападот на кивање бил знак за смрт, па папата донел наредба да се благословат луѓето, а оние кои кивале да ја покриваат устата со крпа или да се свртат на страна. Дали за да се заштитат здравите или за да не побегне душата, тешко е да се каже денес.
ФОТО: Anastasia Peren / Unsplash