Пригответе го стекот на овој начин и уживајте во сочниот вкус
Доколку барате начин да воведете поздрави навики во исхраната, почнете од начинот на кој го приготвувате месото. Фитнес-инструкторката Марина Горњивска, која редовно споделува совети за вежбање, исхрана и здрава рецепти на инстаграм-профилот marina_fidgym, овој пат откри како таа го приготвува стекот. Без масло, а излегува мек и сочен како да е пржен. Трикот е во маринадата. Пробајте!
Состојки:
За маринадата:
- мешан сув зачин
- димена пиперка
- бибер
- лук во прав
- соја-сос
- малку мед
- доматен сос
Приготвување:
Поврзани објави
Пресечете го стекот на пола, па направете плитки резови од страните за убаво да ја впие маринадата.
Убаво измешајте и ставете го стекот на хартија за печење. Одозгора покријте со уште еден лист хартија и печете 30-35 минути на 170-180˚Ц.
Погледнете ја целата постапка во видеото во продолжение.
ФОТО: ИНСТАГРАМ