Канцеларијата на Обединети нации за човекови права на црната листа додаде уште 61 компанија поради деловна соработка со израелските населби во Западен Брег.
Помеѓу санкционирните фирми е и израелскиот производител на пестициди АДАМА, израелската холдинг компанија за инвестиции во недвижности „Алони Хец“ и шпанската компанија „Салват логистика“.
Црната листа првпат е објавена во 2020 година и на неа се вкупно 214 фирми, првенствено од Израел, но и од десет други држави, меѓу кои и од Франција, Германија, Кина и САД.
Целта на ОН е да изврши притисок врз Израел поради ширење на населби во Западен Брег, каде живеат повеќе од три милиони Палестинци и над 500.000 Израелци.
За Израел со црната листа неправедно се казнуваат компаниите кои работат легално.
Ова е искривен механизам создаден од длабоко погрешно тело со автоматско мнозинство против Израел, соопшти дипломатската мисија на Израел во ОН, тврдејќи дека базата на податоци е воспоставена со цел „прогон“ на еврејската држава.
Извор: МИА