34
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Париз, каде ќе учествува на церемонијата на отворање на обновената катедрала Нотр Дам.
На настанот што ќе се одржи вечер се поканети 40-тина лидери. Претходно денеска во Париз пристигна и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Пред церемонијата, францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги прими Трамп и Зеленски одделно во Елисејската палата. рп/Фото: ЕПА .
Извор: МИА