Почина четиригодишниот син на македонскиот пејач Маријан Стојаноски, Петар. Тажната вест денеска ја објави Стојаноски на својот профил на Фејсбук.Засега нема објавени информации за причината за смртта на детето, ниту други детали за трагичниот настан.
Маријан Стојаноски е познат на македонската публика по својата музичка кариера и поп-хитовите со кои беше присутен на домашната сцена во почетокот на 2000-тите. Во последните години поретко настапува на естрадата, но остана активен во музиката и работи во Националната опера и балет. Во интервју од 2021 година тој зборуваше дека повторно почнал да пишува песни, но дека работата во Македонската опера и балет за него има посебно значење.
Поврзани објави
Веста за смртта на Петар беше објавена без дополнителни детали, а на социјалните мрежи следуваа пораки со сочувство до семејството.
Сочувство до семејството за оваа огромна загуба упатува и редакцијата на магазинот „Убавина и здравје“