По настапите и обврските, фолк-пејачката замина на одмор, а еден кадар пред спиење веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Елена Велевска реши да украде малку време за себе по периодот исполнет со настапи и професионални обврски. Пејачката деновиве ужива на луксузна дестинација, од каде што споделува дел од атмосферата со своите следбеници.
Меѓу објавите особено внимание привлече селфито направено директно од креветот. Велевска позира во хотелската соба во горен дел во боја на вино, со тантела, додека пригушеното светло дополнително ја нагласува вечерната атмосфера.
Но, тоа не беше единствениот интересен момент од нејзиниот одмор. Пејачката покажа и дел од ноќната атмосфера покрај марината, како и моменти на релаксација покрај базенот. Во една од објавите позираше и во црвен костим за капење во џакузи, со што повторно го привлече вниманието на јавноста.
Поврзани објави
Велевска неодамна зборуваше и за тоа како успева да го одржува својот изглед. Во емисија отворено се осврна на естетските корекции и на притисокот што го носи професијата, особено кога станува збор за изгледот.
Од нас се бара да сме средени, да сме убави, да сме фит. Сето тоа придонесува да немаме време да се запуштиме“, изјави тогаш пејачката, објаснувајќи дека начинот на живот и честите настапи бараат постојано да биде во форма.
Инстаграм/ Елена Велевска