Ким Кардашијан конечно доби отштета за трауматичниот грабеж во Париз во 2016 година – но сумата е само едно евро.
Иако разбојниците ѝ украле накит вреден околу 10 милиони долари, меѓу кој бил и свршеничкиот прстен од Канје Вест проценет на 4 милиони долари, Ким самата побарала симболична сума.
За време на нападот, крадците, преправени како полицајци, влегле во нејзиниот апартман, ја врзале со пластични стеги и ѝ ја залепиле устата. Ким подоцна раскажала дека се плашела дека ќе ја убијат или сексуално ќе ја нападнат.
Поврзани објави
Судот минатата година прогласи осум лица за виновни за нивната поврзаност со грабежот. Дел од осомничените биле во 60-тите и 70-тите години, поради што случајот го добил прекарот „дедовците разбојници“.
Од тимот на Ким порачаа дека едното евро не е суштината на случајот, туку признанието на одговорноста за она што ѝ се случило.
Screenshot youtube