Почетна Убавина и здравјеКаролина Гочева скокаше и танцуваше на сцената во Гевгелија – публиката ги пееше нејзините хитови! Пленеше со изборот на гардероба (ФОТО)

Каролина Гочева скокаше и танцуваше на сцената во Гевгелија – публиката ги пееше нејзините хитови! Пленеше со изборот на гардероба (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Каролина Гочева беше меѓу главните музички имиња на фестивалот „Вкуси го југот“ во Гевгелија, каде што настапи со својот бенд и приреди вечер исполнета со нејзините познати песни.

Пејачката на сцената се појави во црна, елегантна комбинација, но овојпат вниманието не го привлече само со изгледот. Таа беше особено расположена, танцуваше, скокаше во ритамот на музиката и често комуницираше со публиката.

Моменти од концертот сподели и на Инстаграм

Инстаграм

Дел од атмосферата Каролина им покажа и на своите следбеници на Инстаграм. Во една од објавите го означи и виолинистот Владимир Крстев, со кого настапуваше на сцената.


Поврзани објави

Фестивалот „Вкуси го југот“ се одржува од 11 до 13 септември во Гевгелија, а покрај Каролина во програмата се и „Нокаут“, Игор Џамбазов и 2Бона.

Неодамна Каролина настапи и на големиот концерт по повод 35 години независност на Македонија, каде што пееше со Македонската филхармонија. Посебно внимание привлече нејзиниот дует со шпанскиот тенор Хозе Карерас.

Пејачката, која повеќе од три децении е присутна на музичката сцена, неодамна зборуваше и за македонската публика и нејзиниот однос кон музиката.

Инстаграм

Во Македонија не поминува нешто само затоа што е мода. Ние можеби сме мали, но секогаш велам дека сме пребирливи за музика“, рече Каролина.

Screenshot youtube