Ручек што лесно се приготвува а изгледа како многу да сте се потрудиле
Петок е ден за оброци што се приготвуваат брзо и лесно, а во кои може да ужива целото семејство. Овој рецепт за ќофтиња ќе му се допадне секому, особено на оние што внимаваат на линијата, бидејќи не е толку масен како за обични ќофтиња во доматен сос, туку се користи мисиркино месо, кое е помалку калорично. Идејата е на фитнес-инструкторката Марина Горњивска која редовно споделува совети за вежбање, исхрана и здрава рецепти на инстаграм-профилот marina_fidgym.
Состојки за 3 порции:
За пирето:
- 600 г компир
- 1 јајце
- сол
- 2–3 лажици вода од варењето
За ќофтињата:
- 400 г мисиркино мелено месо
- 1 јајце
- 20 г лебни трошки
- мешан зачин
- бибер
- црвен пипер
- оригано
- 250 г пасата/доматен сос
Приготвување:
Поврзани објави
1. Компирите сварете ги и направете пире со јајцето, солта и малку вода од варењето.
2. Измешајте го мисиркиното месо со јајце, лебни трошки и зачини. Направете мали ќофтиња, испржете ги со малку масло и додајте доматен сос.
3. Во огноотпорен сад ставете прво пире, па одозгора наредете ги ќофтињата и посипете малку кашкавал.
4. Печете на 200°Ц околу 20 минути.
Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ