Почетна Убавина и здравјеНеодоливо потсетува на НЕГО! – Убавина и здравје

Неодоливо потсетува на НЕГО! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Првата училишна фотографија од принцот Џорџ стана вирална, а сличноста со татко му предизвика бројни коментари на социјалните мрежи

Портретот на принцот Џорџ на кој наследникот позира за училишната фотографија на својот прв ден во колеџот Итон – неговото ново средно училиште, стана вирален.

Сликата ги возбуди ројалистите поради еден посебен аспект на фотографијата, со оглед на тоа што Џорџ е запишан во истото училиште каде што одел и татко му пред три децении.

Првиот ден на принцот Џорџ во новото училиште

Тринаесетгодишниот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ѝ се приклучил на оваа престижна образовна институција во вторникот.
Неговите елегантни портрети биле објавени на профилите на Кенсинготнската палата, прикажувајќи го Џорџ како гордо се смешка во својата нова униформа, составена од црн фрак, елек, крута бела јака и панталони со линии.

Тинејџерот принц веројатно ќе полага испити GCSE и A-ниво во најистакнатото приватно училиште во Велика Британија, кое чини неверојатни 63.299 фунти годишно.

Каков татко таков син

Сепак, луѓето не зборувале за високите годишни школарини, туку за неверојатната сличност помеѓу Џорџ и татко му кога отприлика бил на истата возраст.

Еден корисник ја искористил приликата да објави портрети од Џорџ и Вилијам еден покрај друг и напишал:


Поврзани објави

„Каков татко, таков син! Принцот Вилијам и принцот Џорџ на првиот ден на колеџот Итон, со речиси 30 години разлика.“

Друг корисник коментирал:

„Татко и син во униформи на Итон“, а трет ја повторил истата споредба:

„Каков татко, таков син! Сличноста е неверојатна, дури и со речиси 30 години разлика.“

Четврти додал:

„Навистина си личат. Единствена разлика е бојата на очите.“

Принцот им се придружил на татко му и чичко му принцот Хари, запишувајќи се во истото училиште, откако и двајцата биле ученици таму помеѓу 1995-2001, односно 1998-2003 година.

Наследникот го оставиле мајка му и татко му, а го пречекал директорот на Итон, Сајмон Хендерсон, кој кажал:

„Добре дојдовте, среќно, уживајте.“

Образовната установа има 25 интернати, од кои секој има капацитет да смести 55 ученика од 13 до 18 години, за кои се грижи посебна послуга.

ФОТО: ИНСТАГРАМ