Почетна Убавина и здравјеМек и сочен колач со свежи смокви – Убавина и здравје

Мек и сочен колач со свежи смокви – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Вкусен колач по рецепт на Елизабета Пешовска (my_little_kitchen_stories)

Десертот на Елизабета Пешовска е еден од оние колачи што ја исполнуваат кујната со мирис на дом и носталгија. Одличен е за со утринско кафе или попладневен чај, а во продолжение дознајте како да го приготвите…

Состојки:
  •  3 јајца
  • 150 г кафеав шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 мл масло
  • 200 г грчки јогурт
  • 220 г интегрално брашно (може и обично)
  • 1 прашок за печиво
  • рендана кора од 1 лимон
  • 4-5 свежи смокви
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица мед


Поврзани објави

Приготвување:

Во длабок сад изматете ги јајцата, шеќерот и ванилата. Матете неколку минути. Потоа додајте ги маслото, јогуртот и ренданата кора од лимон и кратко промешајте.

Постепено додавајте го брашното измешано со прашокот за печиво и мешајте додека добиете хомогена смеса.

Истурете го тестото во калап со дијаметар 24 цм и одозгора распоредете ги смоквите со пресечената страна нагоре. Посипете ги со кафеавиот шеќер и прелијте ги со малку мед.

Печете во загреана рерна на 180°Ц, 40-тина минути, додека колачот добие убава златна боја.

Ако имате убави, зрели и сочни смокви – искористете ги веднаш. Тие се главната ѕвезда на овој едноставен колач.