Еден од најскладните естрадни брачни парови првпат се разделува на подолг период поради турнејата на пејачот во Австралија.
Пејачот Аца Илиќ моментално е на турнеја во Австралија, а неговата сопруга Биља Јевтиќ тешко ја поднесува нивната разделба. Пејачкиот пар, познат како еден од најсложните на естрадата, мораше да се раздели на три месеци поради професионалните ангажмани.
Досега секогаш настапувале заедно и на турнеите патувале како пар, но ова е првпат да бидат раздвоени на толку долг период.
Поврзани објави
Само неколку дена пред заминувањето на Аца за Сиднеј, двајцата гостуваа во емисијата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, каде што Биља откри дека ѝ е тешко поради разделбата.
Никогаш не сум се покајала. Ние сме едно, секогаш сме се поддржувале и бореле еден за друг. Навикнати сме да работиме заедно, тоа е предност во овој бизнис, но сега овие три месеци кога тој ќе замине, не знам што ќе правам, ова е најдолгиот период на разделба“, изјави пејачката.
printskrin youtube – grand specijal