Почетна Убавина и здравјеШок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

од nenad
1 минути читај за



По два месеци луксузен живот на јахта низ Медитеранот со нејзината мајка Мелина Галиќ и нејзиниот нов сопруг англискиот бизнисмен Џефри Арнолд, ина Џиновиќ реши да му се врати кај татко ѝ. Младата наследничка на пејачот Харис Џиновиќ го замени гламурот и обиколката на 25 медитерански острови со враќање во Белград, и тоа директно во семејниот дом на нејзиниот татко.


Поврзани објави

Овој  потег предизвика големо внимание во јавноста, имајќи предвид дека нивниот однос во изминатиот период важеше за доста турбулентен и постојано беше под лупа на медиумите.

Иако престојот на луксузната јахта беше редовно документиран со влогови и фотографии од елитни светски дестинации, Џина реши да стави точка на летната турнеја и да побара мир кај Харис, што многумина го протолкуваа како знак за конечно помирување меѓу таткото и ќерката.