Од крунисувањето за Мис на Македонија до долгогодишната кариера пред камерите – Татјана Стојановска со години е едно од препознатливите лица на македонската телевизија.
Татјана Стојановска во 1992 година беше избрана за Мис на Македонија, а фотографиите од тој период денес потсетуваат на нејзините почетоци во јавноста. Со својата препознатлива убавина и појавност, тогашната мис брзо го привлече вниманието на македонската публика.
По изборот за мис, таа ја започна телевизиската кариера во Македонската радио-телевизија, каде што најпрво го водеше утринскиот појас, а потоа стана и презентерка на вести. Во МРТ работеше до 2003 година, по што продолжи во А1 телевизија.
Од 2011 година Стојановска е дел од информативната програма на Канал 5 телевизија, а во текот на кариерата има водено и бројни фестивали, корпоративни настани и свечени академии. За својата работа добила повеќе признанија, меѓу кои и „Лице на годината“ на „Вечер“ за ТВ-презентер во 1998 и 1999 година и „Златна бубамара на популарноста“ во 1999 година.
Поврзани објави
Денес, повеќе од три децении по изборот за мис, таа и понатаму е активна пред телевизиските камери. Споредбата на нејзините фотографии од времето на изборот за Мис на Македонија со денешните фотографии покажува колку се променил нејзиниот изглед низ годините, но и дека останала препознатливо телевизиско лице.
Screenshot Википедија