Почетна Убавина и здравје„Нема оправдување за навредите“ – Убавина и здравје

„Нема оправдување за навредите“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

По трагичната смрт на хрватската блогерка и мајка на шест деца, македонската инфлуенсерка проговори за последиците од грубите коментари на интернет.

Миа Костова се огласи по веста за смртта на хрватската инфлуенсерка и блогерка Кристина Ковачевиќ Хитрец, позната по својот „Мамин блог“. Кристина беше мајка на шест деца, а веста за нејзината смрт силно одекна во регионалната јавност.

Костова на „Инстаграм“ сподели емотивна порака во која се осврна на односот кон луѓето кои се изложени на јавноста. Таа особено ги критикуваше навредите и понижувачките коментари кои често се оставаат зад профили на социјалните мрежи, без да се размислува за последиците.

Нема оправдување за тоа што си дебил во коментарите, никој не е должен да те чита“, меѓу другото порача Костова, додавајќи дека во иднина јавно ќе ги посочува оние кои навредуваат и понижуваат други луѓе.

Нејзината објава отвори поширока тема за границата помеѓу слободата на изразување и онлајн насилството.

Оваа жена, како една од попознатите мајки во Хрватска, со свој познат блог на Фејсбук, е мајка на шест деца. Рипнала под воз и си го одземала животот. Многу често луѓето кои личат храбри не се, па затоа твојот коментар понекогаш може да е капак за некој да заврши вака. Не! Нема оправдување за тоа што си дебил во коментарите, никој не е должен да те чита. Затоа, засекогаш ќе ги објавувам со лице, име и презиме. Широко небо, Кристина“, напиша Костова.

Костова со пораката испрати апел луѓето да бидат повнимателни со зборовите што ги упатуваат кон другите, особено кога не знаат низ што поминува личноста од другата страна на екранот.

Screenshot youtube – mia kostova