Ретките архивски материјали откриваат поинаква страна од проектот кој со години ги полнеше домовите со смеа и создаде ликови кои и денес се дел од македонската популарна култура.
„К-15“ започна да се емитува во средината на 1990-тите и за кратко време прерасна во еден од најпрепознатливите македонски хумористични телевизиски проекти. Зад неговиот успех стоеја Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, кои ги создадоа легендарните Тошо Малерот, Цацко Конопишки и Миле Паника, но истовремено беа и сценаристи и режисери на емисијата.
Со текот на годините, скечевите и репликите од „К-15“ станаа дел од секојдневниот говор, а во проектот се појавуваа и голем број други актери и соработници. Денес, кога се гледаат старите снимки, посебно внимание привлекува атмосферата од времето кога емисијата се создаваше со многу поскромни услови, но со огромна креативност и ентузијазам.
Поврзани објави
Токму задкулисната приказна е во центарот на документарниот филм „К15: Од другата страна“, во режија и сценарио на Ико Каров. Филмот носи ретки архивски материјали, сведоштва и досега помалку познати приказни од луѓето кои биле директно или индиректно дел од ерата на „К-15“.
Денес, повеќе од три децении по почетоците, легендарното трио повторно се најде во центарот на вниманието. Во 2025 година „К-15“ прослави 30 години со големи настапи во Скопје, а интересот за старите снимки и ликови покажа дека хуморот од тоа време сè уште има свое место кај публиката.
printskrin youtube