Додека младенците и гостите биле свртени кон олтарот, еден неочекуван „гледач“ од хотелскиот балкон украл дел од вниманието. Снимката стана вирална, а коментарите на интернет се уште подобри од самата сцена.
Свадбената церемонија во хотел во Калифорнија течела сосема нормално, сè додека гостите не забележале маж без маица на балконот од спротивната зграда. Тој мирно стоел и ја следел церемонијата, и тоа практично на самиот крај од патеката кон олтарот.
Снимката за неколку дена собра повеќе од 19 милиони прегледи, а корисниците веднаш почнаа да се шегуваат дека мажот бил „првиот тест на искушението“ за невестата.
Интернетот веднаш си направи своја приказна
@peggyandsusie The LORD already testing HER 😭#wedding #bride ♬ original sound – Juju Creates Art
Поврзани објави
Наместо да се тргне од видикот, мистериозниот гостин останал на балконот и продолжил да гледа. Авторката на видеото дури вели дека изгледал како модел, па затоа едноставно морала да ја сними сцената.
Коментарите отишле чекор подалеку: едни се шегувале дека невестата би требало да го забрза одењето кон олтарот, додека други тврделе дека свадбата треба веднаш да се откаже ако „тој“ не е младоженецот.