18-годишната Вивиен поднела барање „од лични причини“, а постапката веќе е во тек. Таа не е првото дете на Пит и Анџелина Џоли што се обидува официјално да го отстрани неговото презиме.
Вивиен, ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, направила уште еден чекор кон официјално отстранување на презимето „Пит“. Во Калифорнија веќе е објавено известување за нејзиното барање, а судското рочиште е закажано за 2 ноември.
Таа сака името Vivienne Marcheline Jolie-Pitt да стане Vivienne Marcheline Jolie. Како причина навела само „лични причини“, без дополнително објаснување.
Не е единственото дете што го отфрла презимето
Вивиен одамна престана јавно да го користи презимето Пит. Уште во 2024 година, додека работела со мајка ѝ на мјузиклот The Outsiders, во програмата била наведена како Вивиен Џоли.
Но, приказната не завршува тука. И Захара, Медокс и Шајло во последните години престанаа да го користат презимето Пит или започнаа постапки за негово официјално отстранување. Сето ова повторно го отвора прашањето за односот меѓу холивудскиот актер и неговите деца по бурниот развод со Џоли.
Фото – википедија