Table of Contents
Џенифер Лопез редовно вежба со децении, но изминатава година значајно ги променила исхраната и вежбањето
Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање, со чаша вода во рацете, би можеле да бидат добра мотивација за секоја жена. Навистина тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и дека е мајка на две полнолетни деца.
Па, што променила Џенифер Лопез во својата исхрана и план за вежбање за да изгледа значително послабо сега?
1. Многу поголем фокус на тренинзите за сила
Ова веројатно е најважната промена. Лопез во интервју за „Ел“ од 2026 рекла дека последниве осум години нејзиниот главен тренинг е кревање тегови, додека порано многу повеќе вежбала кардио и кружни тренинзи. Вели дека сега сака да ги одржи мускулната маса и затегнатиот изглед. Со други зборови, не преминала на повеќе кардио за да ослаби, туку токму спротивното – повеќе мускули, повеќе тренинг со отпор и помалку потпирање исклучиво на кардио.
2. Ги зголемила тежините
Џеј Ло открила дека особено го интензивирала тренингот со оптоварување за време на подготовките за филмот Hustlers. Денес вели дека токму благодарение на тоа, сега е посилна одошто била во 20-тите и 30-тите години.
Тоа подразбира вежби како:
- клекнувања
- исчекори
- вежби за раменици и раце
- екстензија на трицепс
- вежби за бицепс
- вежби за стомак
- комплексни вежби кои истовремено ангажираат повеќе мускулни групи
Поврзани објави
3. Ја намалила количината на јаглехидрати
Ова е интересно бидејќи самата открила дека некогаш можела да јаде многу повеќе јаглехидрати, но со текот на годините морала да го промени начинот на исхрана. Денес нагласува дека јаде повеќе протеини и зеленчук.
Тоа не значи дека ги исфрлила сите јаглехидрати, туку дека исхраната ѝ станала протеинска и базирана на поквалитетни намирници. Нејзината исхрана вклучува немасни извори на протеини, зеленчук, интегрални/сложени јаглехидрати и многу малку индустриски преработена храна.
4. Сè уште многу танцува и вежба кардио
Таа не ги исфрлила кардиовежбите во целост. Напротив, танцот е голем дел од нејзината физичка активност, а тренинзите ги комбинира со вежби за сила, тренинг за јадро и разни форми на кардио.
Па еве на што се должи нејзината промена:
- повеќе мускули + доволно протеини + помалку рафинирани/ултрапреработени намирници + тренинг за сила + секојдневно движење + долгогодишна доследност
И уште нешто многу важно: таа има 57 години и тренира со децении, па така, нејзиното тело не е резултат на промени од неколку недели.
ФОТО: ИНСТАГРАМ