Почетна Убавина и здравјеБела Хадид како милион долари: Манекенката направи вистински хаос во Кан – од скандали до елеганција (ФОТО)

Бела Хадид како милион долари: Манекенката направи вистински хаос во Кан – од скандали до елеганција (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

На премиерата на филмот „Гаранс“ на 79. Кански филмски фестивал, Бела Хадид се појави во елегантно издание што ги воодушеви присутните и модните критичари.

Кога Бела Хадид ќе се појави на црвениот тепих, речиси е невозможно да остане незабележана. Така беше и на 79. издание на Канскиот филмски фестивал, каде што познатата манекенка уште еднаш привлече огромно внимание и го потврди статусот на една од најзабележителните ѕвезди на фестивалот.

За оваа гламурозна вечер на Азурниот брег, таа избра софистицирана бела сатенска тоалета од модната куќа „Prada“. Минималистичкиот крој беше надополнет со дискретни светкави детали околу деколтето, додека преку рамената лежерно носеше лесна наметка во иста нијанса, што дополнително ја нагласи елеганцијата на целиот стајлинг.

Изгледот го заокружи со класични бели салонки, елегантна пунџа и луксузен накит од брендот Chopard, поради што многумина ја споредија со филмски дами од златната ера на францускиот гламур.


Поврзани објави

Провокативни изданија

Иако оваа година избра воздржана и елегантна комбинација, Бела Хадид во претходните појавувања во Кан често беше во центарот на вниманието поради поконтроверзни модни избори.

Особено се памети нејзиното издание од 2016 година, кога во впечатлива црвена тоалета со длабоко деколте и висок шлиц предизвика големо внимание во јавноста и практично го поттикна трендот на таканаречените „голи фустани“. Веќе следната година повторно привлече реакции со смел стајлинг што откриваше повеќе од очекуваното за ваков настан, а дополнителна внимание привлече и фактот што тогаш по црвениот тепих прошета со својот татко.

Поради сè почестите провокативни модни изданија на познатите гости, организаторите на Канскиот фестивал донесоа одлука да ги заострат правилата на облекување. Така, од минатата година е воведен построг дрес-код со кој се ограничуваат премногу откриени и провокативни модни комбинации на црвениот тепих.

Фото: Инстаграм