Почетна МакедонијаМицковски: „Ја ценам поддршката од Чешка за нашите европски интеграции“ (ФОТО)

Мицковски: „Ја ценам поддршката од Чешка за нашите европски интеграции“ (ФОТО)

од nenad
0 минути читај за

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информираше за средбата со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, оценувајќи ја како успешна и конструктивна.

„Разговаравме за одличните билатерални односи меѓу Македонија и Чешка, можностите за нивно дополнително продлабочување, како и за европската перспектива на нашата земја“, напиша Мицкоски.

Премиерот посочи дека особено ја цени поддршката од Чешка за европските интеграции на Македонија, како и заедничката посветеност на градењето стабилна, просперитетна и европска иднина.