Иако Здравко Чолиќ веќе со децении главно избегнува настапи на приватни прослави, неодамна направи исклучок што предизвика големо внимание во јавноста.
Легендарниот пејач беше специјален гостин на свадбата на синот на познат бизнисмен, во елитен ресторан во Белград, а хонорарот што го добил го вбројува овој настап меѓу најскапите во регионот, пишува Nportal.com.
Поврзани објави
За настапот што траел точно 45 минути, на Здравко Чолиќ му биле исплатени дури 45.000 евра, што значи дека една минута негово пеење на приватна прослава чини неверојатни 1.000 евра. Сепак, за пејачот воопшто да се согласи да настапи, семејството и организаторите морале без приговор да ја исполнат листата со неговите строги барања:
– Подигната бина – поставена така што гостите за време на настапот не можат да му се приближат премногу додека пее.
– Строго забрането нарачување песни – репертоарот бил однапред утврден и немало никакви отстапки.
– Забрана за фотографирање – приватноста и професионалниот пристап биле на прво место, без фотографирање со гостите.
Спектакл за паметење и експресно заминување
И покрај строгите услови, гостите и младенците присуствувале на спектакл за паметење. Првиот свадбен танц младенците го одиграле со големиот хит на Чола „Тебе чувам за крај“, додека изведбата на познатата балада „Ти си ми у крви“ предизвикала посебни емоции и ги разнежнила сите присутни во салата. Веднаш по завршувањето на настапот и емотивните моменти, Чолиќ го напуштил ресторанот во придружба на обезбедувањето.