Пејачката Александра Пријовиќ веќе со години е во хармоничен брак со Филип Живојиновиќ, со кого има две деца.
Нивната љубов уште од самиот почеток привлече големо внимание во јавноста, како поради нејзината сè поголема популарност и успеси, така и поради фактот што Филип потекнува од едно од најпознатите регионални семејства.
Интересно е и тоа што пред да ја започнат врската, двајцата со години се среќавале на различни настани.
Поврзани објави
„Не се сеќавам каде се запознавме, но знам дека судбината нè спои. Пред да започнеме да се гледаме, со години се среќававме на различни места, случајно. Се гледавме и кај Брена и Боба на приватни забави на кои често пеев, но тоа беа само случајни средби, без официјално запознавање“, раскажала пејачката.
Александра истакнала дека Филип веднаш ја освоил со своето однесување, а потоа открила и една анегдота од почетокот на нивната врска.
„Штом го запознав, знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан на Вождовац. Веднаш ме освои со манирите, начинот на размислување и ставовите. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е вистинскиот. Ме воодушеви уште првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што сакам да пијам и јадам, за да ми донесе. Јас му реков дека не сакам ништо, бидејќи знаете како е на почетокот, кога некој ви се допаѓа – ниту сте гладни, ниту сте жедни.
Тој инсистираше да му кажам што пијам, па му реков дека пијам само вода. Потоа се појави кај мене со цел пакет вода. Тој гест ме освои, бидејќи сфатив дека обрнува внимание на она што го зборувам. Кој би ви донел цел пакет вода кога се подразбира дека дома имате вода?“, раскажала Александра.