Нејзината врска со Крис Мартин заврши неславно, а сега и нејзината нова романса се распаднала
Дакота Џонсон и Роул Модел се разделиле по помалку од една година.
Актерката Дакота Џонсон (36) и пејачот Такер Пилсбери (29) ја прекинале својата врска пред некое време, открил извор ексклузивно за „Пипл“. Поранешната двојка првпат беше видена на вечера во декември 2025 година пред повторно да бидат фотографирани на состанок во Лос Анџелес следниот месец.
„Тоа дефинитивно беше повеќе од авантура или флерт“, раскажал анонимен извор, истакнувајќи дека врската им започнала од крајот на минатата година.
Во тоа време, изворот рекол дека Дакота навистина го сака музичарот, но и дека не сака да брза поучена од претходната долгогодишна врска.
Поврзани објави
Актерката била со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин (49), од октомври 2017 до јуни 2025 година. Тие, наводно, биле свршени со години. Често раскинувале и се смирувале.
Дакота и Пилсбери не зборувале јавно за својата врска, но изворот во април посочил дека се на иста бранова должина и дека врската им се одвива со леснотија. Тие соработувале на песната од неговиот најнов албум Chuck Timely & the Hourglass.
Пилсбери претходно бил во врска со актерката Ема Чемберлен од 2020 до 2023 година, а Џонсон била поврзувана со Ноа Герш, Џордан Мастерсон и Метју Хит.
Ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон наскоро повторно ќе се појави на големото платно во филмот Verity заедно со Ен Хатавеј и Џош Хартнет. Ќе ја гледаме и во филмот „Три инцестоидни сестри“ со Шерши Ронан, Џеси Бакли и Џош О’Конор.
ФОТО: ИНСТАГРАМ