Почетна Убавина и здравјеКако да ги перете крпите за да ви останат меки? Трик што злато вреди!

Како да ги перете крпите за да ви останат меки? Трик што злато вреди!

од nenad
3 минути читај за

Експертите откриваат како да ги перете крпите за да останат меки

Користењето свежи, меки и миризливи крпи по туширање или капење е едно од оние мали задоволства што го прават секојдневието попријатно. А добрата вест е дека постои начин да ја зачувате нивната боја и мекост со месеци, па дури и подолго.

Со нормална употреба во домаќинството и соодветна грижа, се смета дека крпите можат да траат до две години. Според експертите, можат да траат и подолго, но само доколку се користат повеќе како декорација отколку за секојдневно бришење.

Ако, сепак, вашите пешкири брзо ја губат бојата, стануваат груби и ја немаат првичната мекост, можеби не ги одржувате на вистинскиот начин. Затоа вреди да ги следите советите за правилно перење и нега.

На која температура треба да ги перете пешкирите?

Експертите препорачуваат крпите да се перат по три до пет употреби. Сепак, за редовно перење подобро е да користите пониска температура, па дури и студена вода.

Жешката вода може да ги собере памучните влакна, поради што пешкирите со текот на времето стануваат груби и крути. Сепак, повремено можете да ги исперете и на повисока температура заради темелно хигиенско одржување – едно такво перење нема веднаш да ги уништи.

За да им го продолжите животниот век, најдобро е крпите да ги перете одвоено од останатата постелнина и облеката. Повремено можете да додадете и маици, но избегнувајте облека со патенти или други метални делови кои би можеле да ја оштетат ткаенината.

Исто така, важно е машината да не биде преполна. Во барабанот треба да има доволно простор за водата и детергентот рамномерно да стигнат до секој дел од ткаенината. Не ја полнете машината повеќе од три четвртини од нејзиниот капацитет.


Поврзани објави

Колку детергент треба да користите?

Повеќе детергент не значи и почисти пешкири. Напротив, преголемата количина детергент може да ги направи пешкирите покрути и груби на допир, а со текот на времето може да создаде и непријатно чувство на кожата.

За едно полнење машина доволни се околу две лажици детергент за перење, особено доколку користите концентриран производ.

Претерувањето со детергент може да остави остатоци длабоко во влакната на пешкирите. Поради тоа, тие со текот на времето можат да ја изгубат мекоста и да добијат груба текстура.

А што е со детергентите со ензими?

Детергентите и геловите за перење на база на ензими во последно време стануваат сè попопуларни. Станува збор за ензими растворливи во вода кои помагаат при разградувањето на маснотиите и нечистотиите од облеката и другите ткаенини.

На пример, ензимот липаза деjствува на масните наслаги и маслата што можат да останат на облеката и постелнината. Токму затоа, ензимските детергенти можат да бидат корисни кога треба да се отстранат тврдокорни нечистотии кои не се отстрануваат лесно со обично перење.

Сепак, кога станува збор за крпите, најважно е да се најде вистинската рамнотежа. Премногу детергент, превисока температура, преполна машина и неправилно сушење со текот на времето можат да ја уништат нивната мекост и да го скратат нивниот животен век.

Со правилно перење, доволно простор во машината и умерена количина детергент, пешкирите многу подолго ќе останат меки, пријатни на допир и добро впивачки.