Почетна Убавина и здравјеДа создадеме подобар онлајн-свет – Убавина и здравје

Да создадеме подобар онлајн-свет – Убавина и здравје

од nenad
6 минути читај за

Во денешно време речиси и не можеме да замислиме ден без Интернет. Интернетот е одличен начин да се поврзеш со пријателите и семејството, да се поврзеш со светот, да научиш нови работи, да изградиш дигитални и други вештини, да споделиш фотографии, видеа и мислења.

Ако се користи правилно, Интернетот може да им го промени животот на децата и младите, така што ќе ги поврзе со цел еден свет на можности за комуникација, учење и слобода на изразување. Има многу нешта поради кои сакаме да бидеме поврзани, но Интернетот, исто така, секојдневно се користи за погрешни намени и се злоупотребува. Затоа, совети за тоа како Интернетот да стане побезбедно место за сите нас споделија панелистите во втората панел-дискусија „За подобар онлајн-свет“ во рамките на осмата регионална конференција за жени „Профемина“, која се одржува во „Холидеј Ин“.

На почетокот, модераторката Јелена Спенџарска и соговорниците Бојана Стојменовиќ Петровска, психолог, семеен и системски советник, организациски консултант за ментално здравје и основач на Мој психолог, Бранкица Толевска, менаџерка за корпоративна стратегија, бизнис-трансформација и ESG, А1 Македонија, м-р Роберт Атанасов, автор на „Прирачник за заштита од измами и компјутерски криминал“, Нина Ред, инфлуенсерка, се согласија дека фотографиите, видеата, пораките и коментарите што ги споделуваме може да влијаат врз нас, врз луѓето во нашиот живот и врз другите луѓе на Интернетот.

Иако со години се зборува за подобар свет, во време на социјални мрежи, останува прашањето зошто ништо не се менувa? На оваа панел дискусија ќе зборуваме за тоа што значи да идеме подобри луѓе на Интернет, но и како да се заштитиме од сајбер булинг или пак кражба на податоци“ – рече модераторката Јелена Спенџарска, во воведното обраќање.

Како се справувате со негативните коментари или онлајн омразата додека ја одржувате автентичноста?

Како што поминува времето и развојот на социјалните мрежи зема се поголем замав воопшто не е лесно да се биде јавна личност особено во денешно време, бидејќи секој може да си каже што мисли. Но од друга страна за многу познати личности, односно инфлуенсери може да биде доста проблематично тоа што го коментираат фановите. Никој почеток не е совршен особено при појавувањето на ТВ екраните или социјалните мрежи. Во 2020та и јас бев мета на критики кога зборував за теми кои се поврзани со проблеми на кожата, како акни. Но проблемот е тоа што не секој може да те сфати или пак има различно мислење. Сепак со текот на времето научив да се справувам со сето тоа. За жал тоа не е така особено кај помладите, кај почетниците. Тоа ме мотивираше да направам видео и да дадам на знаење дека не треба да се молчи, туку треба да се реагира за нешто да се промени. Секој кој ќе одлучи да се занимава со креирање содржи на социјалните мрежи мора да бидат спремни на се и сешто, односно и на критики. Важно е да се креираат оригинални содржини кои ќе носат позитивни примери во општеството, а тоа повеќето чинители во општеството знаат да го препознаат“, посочи инфлуенсерката Нина Ред.

Кои се најчестите психолошки ефекти од онлајн малтретирањето и омразата што ги гледате во вашата пракса?

Одговорот на ова прашање лежи во повеќе аспекти. Ако пред десетина години беше табу тема да се оди на психолог, сега во денешно време работите за среќа се поразлични. Луѓето кои доаѓаат на психолог се свесни дека нема да им го решиме проблемот туку очекуваат позитивни ставови и можни насоки како да постапуваат. Важно е да потенцирам дека еве и јас лично се трудам да се оградам од тоа што не сака да стигне до мене како информација, но не секогаш успева. Затоа важно е сами да бидеме филтерот, а потоа да ја бараме одговорноста и кај другите. Иако се мисли дека онлаин насилството ги засега само младите, односно средношколците, праксата покажува дека се засегнати и доста повозрасни, но и луѓе кои се во работен ангажман. Мислам дека едукацијата во однос на медиумска писменост и дигитализација е она што ни дава одговор како да се заштитиме и како да се однесуваме. Како што има некој бон тон во реалниот така мора да има и во виртуелниот свет и на тоа мора да се работи. За среќа забележувам се повеќе стории на порталите на кои се исклучени коментарите и тоа ме радува, бидејќи не сечие мислење е за пред сите“, посочи Бојана Стојменовиќ Петровска, психолог, семеен и системски советник, организациски консултант за ментално здравје и основач на Мој психолог

Како луѓето можат да идентификуваат потенцијална онлајн измама и да се заштитат?

Замислете во нашето секојдневие на дневна основа ни доаѓаат граѓани со лошо чувство и сакаат да реагираат затоа што забележале дека се злоупотребени фотографии од нивните деца, родители и останато. Кога слушате човек кој е жртва на Интернет измама, тоа ја буди потребата да се помогне, и тоа, покрај професионалните можности, ме мотивираше да создадам прирачник кои ќе допрат до многумина, а целта е да се едуцираат луѓето. Морам да потенцирам дека едукацијата за сајбер заштита мора да е во континуитет, бидејќи и т.н Интернет криминалци ги менуваат стратегиите. Се додека користиме телефон кој е поврзан на Интернет до тогаш можеме да бидеме мета на напади. Многу е важно секој кој користи Интернет треба да знае која е ползата од тоа, но и предизвиците кои ги носи. Скоро 15 години се случуваат измами со креирање лажни сметки, односно маил адреси. Измамниците менуваат само една буква за разлика од оригиналот и тука наседнуваат и големи компании. Затоа советот нека биде добра едукација во континуитет и внимавајте на деталите“ – рече м-р Роберт Атанасов, автор на „Прирачник за заштита од измами и компјутерски криминал“


Поврзани објави

Бранкица важите за човек кој многу патува поради ангажманите во А1, кое е вашето гледање на сајбер булингот во светот?

Сајбер булингот рапидно расте во последните години иако целта на Интернетот е да ни го олесни и да ни го направи живото поубав, но само доколку ги следиме правилата на онлаин светот. За да уживме во овој офлаин свет мораме да бидеме и добри во онлаин светот. Како компанија која броиме над еден милион корисници знаеме која одговорност ја носиме да ги заштитиме нашите корисници, но и како општествено одговорна компанија да придонесеме за попубав свет“ – рече Бранкица Толевска – менаџер за корпоративни стратегии, бизнис трансформација  и ESG, A1 Македонија.

Како А1 Македонија покривате над милион корисници па колку како Македонци знаеме да користиме безбедно Интернет.

Не можам да заземам став дали знаеме или не, но можеме да научиме. Фокус ни се пред се децата кои  не можат сами да расудуваат, но морам да кажам дека имаме А1 академија за која сигурно знаат сите млади од 18 до 25 години. Тоа е едно месечна бесплатна едукација каде може директно од познати и искусни професионалци да научат што значи безбеден Интернет свет. Од 2018та наши експерти одат во основните училишта со цел да ги информираат учениците како да се заштитат во дигиталната ера, а тој проект ни е во соработка со МОН. А1 Македонија и во иднина ќе работи напорно на едукација и свесност. Ќе останеме поврзани со луѓето за да им дадеме вештини како да се заштитат, а и со тоа да имаме поубав и побезбеден онлаин свет – рече Бранкица Толевска – менаџер за корпоративни стратегии, бизнис трансформација  и ESG, A1 Македонија.

Континуираната едукација и свесноста за опасностите што демнат во онлајн-светот се најдобрата  заштита од компјутерски измами и криминал, заклучија учесниците во втората панел-дискусија.