Почетна Убавина и здравјеНеверојатен спој на вкусови за префинети пригоди – Убавина и здравје

Неверојатен спој на вкусови за префинети пригоди – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Уживајте во овој необичен рецепт

Ова едноставно предјадење изгледа елегантно на трпезата, а се приготвува за само неколку минути. Идеално е за летни прослави, дружби и за секоја пригода кога сакате да послужите нешто поинакво и ефектно.

Рецептот е освежителен, лесен и необичен – залачиња кои совршено ја спојуваат слаткоста на сочната лубеница со кремливото сирење, ароматичниот босилек, крцкавите ф’стаци и интензивното балсамико.

Состојки:
  • 1 лубеница без семки
  • 225 г крем-сирење
  • 225 г козјо сирење, здробено
  • 45 мл млеко
  • 80 мл оцет балсамико
  • 12 листови свеж босилек
  • 45 г ф’стаци, крупно сечкани
  • неколку мали листови свеж босилек за декорација, по желба


Поврзани објави

Приготвување:

Отстранете ја сета кора од лубеницата. Пресечете 24 коцки со големина од околу 5х5 см и дебелина од 1 см.

Пригответе глазура од балсамико. Сипете го оцетот во мало тенџере и загревајте го на средна температура. Почекајте да зоврие со повремено мешање и загревајте додека количината се намали за половина и добие погуста конзистенција. Оставете кратко да се олади. Половина од глазурата сипете ја преку чинијата за послужување. Внимателно наредете половина од парчињата лубеница.

За кремливата мачканица, ставете крем-сирење, козјо сирење и млеко во сад. Матете со миксер додека смесата стане лесна и пенеста. Дел од изматеното сирење ставете го во слаткарска вреќичка со поголемо продолжување. Можете да користите и обична кесичка на која сте ѝ го пресекле едниот агол. Истиснете малку од смесата со сирење на секое парче лубеница, а потоа додајте по еден лист свеж босилек. Одозгора ставете второ парче лубеница и нежно притиснете за да се зацврсти залачето.

На секое залаче додајте уште малку изматено сирење и посипете со сечкани ф’стаци. Послужете веднаш, украсено со малку листови свеж босилек и прелиено со преостанатата глазура од балсамико.

ФОТО: Пинтерест