Музичар пееше пред два лоса, а потоа им се придружи уште еден неочекуван слушател кој остана до крајот на песната.
Снимка од музичар кој пее пред лосови во засолниште на Алјаска привлече големо внимание на „ТикТок“. Музичарот Plumes, кој често објавува снимки на кои им пее на животни, овојпат ја изведе песната „When It’s Time“ од „Green Day“ пред необична публика.
На почетокот на снимката, Plumes пее пред два лоса кои мирно седат и ги вртат главите кон него. Набргу, од блиската штала излегува и трет лос, кој полека му се приближува на музичарот.
Животното застанува пред него и внимателно ја слуша песната сè до самиот крај. Сцената ги воодушеви корисниците на „ТикТок“, кои со шеги го коментираа неочекуваниот слушател.
Го доби одобрението од главниот шеф“, напиша еден корисник.
Поврзани објави
Друг, пак, се пошегува дека лосот дошол да провери што се случува бидејќи музичарот им пеел на неговите „девојки“, но на крајот и самиот се вљубил во неговиот глас.
@plumesofficiel He came to investigate 🥹❤️🩹 Thank you so much @AWCC @Holland America Line for having me ! #animal #animals #moose ♬ son original – Plumes
Многумина ја опишаа снимката како прекрасна, а други го пофалија Plumes за неговата необична публика и навиката со песна да ги забавува животните.