Анастасија Ражнатовиќ, популарна пејачка и сопруга на фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ, е подготвена да го следи саканиот за време на Европското првенство во Германија.
Фудбалерот Немања Гудељ е дел од српската фудбалска репрезентација, а неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ му дава голема поддршка и му ги следи успесите во кариерата, па таа за време на Европското првенство ќе го бодри својот сопруг на стадионот во Германија.
Сега Ражнатовиќ се јави од аеродромот Никола Тесла и откри дека се упатила кон Германија.
Таа замина во оваа европска земја за да му даде поддршка на својот сопруг Немања Гудељ на натпреварот што репрезентацијата на Србија ќе го игра денес.
Поврзани објави
Анастасија се појави додека го чекаше авионот во сосема лежерно издание и без трошка шминка.
Погледнете:
Фото: Инстаграм