Почетна Економија„Огражден“ со значително зголемена добивка и покрај падот на приходите

„Огражден“ со значително зголемена добивка и покрај падот на приходите

од nenad
1 минути читај за

Во извештајниот период, АД за неметали „Огражден“ и поврзаното друштво „Огражден-Микромикс“ ДООЕЛ немаат направено промени во сметководствените политики, што овозможува споредливост на финансиските податоци со претходниот период.

Оперативните приходи се намалени за 6 отсто, додека приходите од продажба бележат пад од 5 отсто. На домашниот пазар продажбата е намалена за 35 отсто, но истовремено извозот е зголемен за 19 отсто. Останатите приходи бележат пад од 63 проценти.

И покрај пониските приходи, компанијата успеала значително да ги намали оперативните расходи. Тие се пониски за 16 отсто во однос на истиот период лани. Најголемо намалување има кај набавната вредност на продадените стоки, која е пониска за 75 отсто.

Трошоците за суровини и материјали се намалени за 14 отсто, услугите за 39 отсто, а останатите оперативни трошоци за 10 отсто. Трошоците за вработени бележат пад од 2 проценти. Од друга страна, трошоците за енергија се зголемени за 1 отсто, резервните делови за 33 отсто, додека финансиските расходи пораснале за 15 проценти.

Најзначаен резултат е остварен кај добивката. Финансискиот резултат по оданочување е зголемен за дури 488 отсто, од 2,35 милиони денари на 11,46 милиони денари.

Во периодот не е исплатувана дивиденда.

Кај постојаните средства е забележано минимално намалување од 1 отсто во споредба со крајот на претходната година. Материјалните средства се намалени за 3 проценти, додека вложувањата во недвижности се зголемени за 4 проценти.

Во структурата на задолжувањето, долгорочните кредити се намалени за 11 отсто, додека краткорочните кредити бележат раст од 10 отсто.

За тековната година компаниите очекуваат продолжување на растот на приходите. Неизвесноста останува кај расходната страна, особено поради движењето на цените на енергенсите. Сепак, очекувањата на друштвата се дека годината ќе ја завршат со позитивен финансиски резултат.