Почетна ЕкономијаВисок ризик од пожари во Македонија: ЦУК предупредува на опасност од брзо ширење на огнот

Висок ризик од пожари во Македонија: ЦУК предупредува на опасност од брзо ширење на огнот

од nenad
1 минути читај за

Високите температури го зголемуваат ризикот од шумски пожари и пожари на отворено во повеќе региони низ земјава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредуваат дека особено критична е состојбата во централниот, јужниот и источниот дел од Македонија, каде условите се погодни за брзо разгорување и ширење на огнот.

Според податоците од системот МКФФИС, со растот на дневните температури се зголемува и индексот за опасност од пожари. Мерењата извршени во утринските часови покажале значително зголемување на Fire Weather Index (FWI), показател кој се користи за процена на условите за појава и ширење на пожарите.

Најнеповолни услови во моментов се регистрирани во источниот, централниот и јужниот дел од земјата, каде индексот достигнува многу високи вредности. Во останатите региони ризикот е висок, додека на повисоките планински предели засега е значително помал.

Поради ваквата состојба, ЦУК упатува апел до граѓаните да бидат крајно внимателни, особено доколку престојуваат во шуми, планини или други отворени подрачја.

Надлежните предупредуваат дека во услови на високи температури и суво време, и најмала невнимателност може да биде доволна за предизвикување пожар, кој поради сувата вегетација и временските услови може брзо да се прошири.

ЦУК продолжува со континуирано следење на состојбата и координација со службите на терен, додека граѓаните се повикуваат да избегнуваат палење оган на отворен простор и веднаш да пријават доколку забележат чад или пожар.