Почетна Економија25 пожари за едно деноноќие низ Македонија: Два сè уште активни, ЦУК ја следи состојбата

25 пожари за едно деноноќие низ Македонија: Два сè уште активни, ЦУК ја следи состојбата

од nenad
1 минути читај за

Вкупно 25 пожари на отворен простор се регистрирани во изминатите 24 часа на територијата на Македонија, од кои два и натаму се активни. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Во моментов активен е пожарот во Горно Лисиче, на територијата на Општина Аеродром. Огнот зафатил ниска вегетација, дрвја и насад со пченка.

Активен пожар е регистриран и на излезот од Крива Паланка, каде што гори депонија.

Пожарот над селото Зелениково, во истоимената општина, е ставен под контрола. Таму огнената стихија зафатила шумска површина и ниска вегетација.

Во текот на деноноќието, интервенции имало и на повеќе локации низ Скопскиот регион. Пожари биле регистрирани во Гази Баба, Ѓорче Петров, Сопиште, Арачиново, Студеничани и Карпош, каде што огнот главно зафатил сува и ниска вегетација.

Пожарникарите интервенирале и во Новаци, Долнени, Прилеп, Чашка, Велес, Росоман, Струга, Липково, Врапчиште, Желино, Гостивар и Делчево. На различни локации биле зафатени ниска вегетација, шума, дрвја, отпад и депонии.

Од ЦУК информираат дека состојбата на терен се следи континуирано, а екипите на надлежните служби интервенираат според потребите и развојот на ситуацијата.

Граѓаните се повикуваат на особена внимателност, имајќи предвид дека високите температури и сувата вегетација создаваат услови за брзо ширење на пожарите на отворен простор.