Почетна Убавина и здравјеЕве што му кажала една недела пред да му раскине! – Убавина и здравје

Еве што му кажала една недела пред да му раскине! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Инес Гарсија открила како го оставила долгогодишниот партнер поради фудбалерот Ламин Јамал, чија порака ѝ го сменила животот

Фудбалерот Ламин Јамал, 19-годишниот бисер на Барселона, моментално е во врска со три години постарата Инес Гарсија, а нивната љубов постојано е под лупата на јавноста.

Неговата поубава половина открила детали за нивниот однос и за тоа како започнале врска, а посебно внимание привлекла приказната за тоа како Инес ја прекинала претходната врска пред да заплови во романса со младата ѕвезда.

Имено, убавата Инес признала дека во нејзината тогашна врска веќе имало проблеми, но пораката од Јамал пресудила.

„Одамна бев вљубена во Ламин. Го видов на телевизија и отсекогаш ми бил симпатија. Кога добив порака од него, бев пресреќна. Тоа беше еден од најубавите моменти во мојот живот.“

По првиот контакт, работите се одвивале многу брзо, бидејќи меѓу нив веднаш се разгореле искри.

„Ламин ме покани на состанок и не можев да го одбијам. Знаев дека морам да ја прекинам претходната врска, бидејќи веќе не бев на иста бранова должина со тогашниот партнер. Мислам дека таквите работи едноставно се случуваат.“


Поврзани објави

Партнерката на ѕвездата на Барселона не крие колку ѝ значи младиот фудбалер, а нејзината искрена изјава предизвикала бројни коментари на социјалните мрежи.

Додека едни ја нарекуваат „спонзоруша“ и не ја оставаат на мира поради тоа што прекинала петгодишна врска во моментот кога славниот фудбалер ѝ пишал, други го бранат нејзиниот избор и тврдат дека љубовта не бира.

„Искрено, многу го сакам Ламин и верувам дека тој е мојата сродна душа“, изјавила Инес Гарсија.

Сепак, тоа му го кажала и на поранешниот партнер јавно, на социјалните мрежи, и тоа само една недела пред да го остави поради Ламин Јамал.

ФОТО: ИНСТАГРАМ