Почетна Убавина и здравје(Видео) Принцот Вилијам не ги следи строгите протоколи кога се работи за фудбал: ПОГЛЕДНЕТЕ што правеше!

(Видео) Принцот Вилијам не ги следи строгите протоколи кога се работи за фудбал: ПОГЛЕДНЕТЕ што правеше!

од nenad
2 минути читај за

Фудбалерите на англискиот премиерлигаш Астон Вила победија во финалето на Лига Европа со 3:0 против германскиот тим Фрајбург, а историскиот момент на стадионот „Бешикташ Парк“ во Истанбул не можеше да помине без нивниот најстрастен навивач – принцот Вилијам. Идниот британски крал натпреварот го следеше од ВИП-ложата, но неговото однесување беше далеку од строгите кралски протоколи.

Очигледно уживајќи во секој момент, принцот Вилијам скокаше, го славеше секој гол и гласно навиваше заедно со останатите гости. По првиот и вториот гол, постигнати во краток временски период кон крајот на првото полувреме, тој целосно се препушти на еуфоријата, славејќи го успехот на клубот што чекал европски трофеј цели 44 години.

Неговите емотивни реакции на трибините брзо станаа хит на социјалните мрежи, а возбудата не ја криеше ниту по последниот свиреж на судијата.

 


Поврзани објави

Набргу по натпреварот, Вилијам се огласи и на платформата X, каде упати честитки до тимот. „Неверојатна ноќ! Огромни честитки до сите играчи, стручниот штаб и сите поврзани со клубот! 44 години откако последен пат вкусивме европски трофеј!“, напиша возбудениот принц, додека капитенот на тимот откри дека Вилијам пред натпреварот дури и ги посетил во соблекувалната за лично да им даде поддршка на играчите.

Капитенот на Вила, Мегвин, по победата откри дека принцот Вилијам го контактирал по натпреварот. „Тој е голем навивач на Вила, тоа никогаш не би го пропуштил. Тој е сосема обичен човек, прекрасно е да ја имаме неговата поддршка“, изјави за TNT Sports. Инаку, принцот почнал да навива за Вила уште во училишните денови во Беркшир.

„Долго време во школо бев многу вљубен во фудбалот. Сите мои пријатели беа или навивачи на Манчестер јунајтед или на Челси, а јас не сакав да ги следам најпопуларните тимови. Сакав клуб што е повеќе во средината на табелата и кој ќе ми донесе повеќе емотивни моменти“, изјави тој за BBC во 2015 година.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/reel/DYlAZrMtXu9/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3d07acba-8530-4d60-a285-9810e2c77ab1