Актерот Венсан Касел има 58 години и штотуку го добил четвртото дете со третата партнерка. Досега има три ќерки: две со Моника Белучи и една со Тина Кунаки, додека со Нара Баптиста добил син
„Силно го има удрено кризата на средните години“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи за врските на Венсан Касел со 30 години помлади девојки. По разводот со Моника Белучи, една од најубавите жени во светот, францускиот актер Венсан Касел започна врска со 29 години помладата манекенка Тина Кунаки, со која експресно се ожени и која му ја роди третата ќерка Амазонија.
Тина била видена неколку пати по разводот расплакана и сама, додека Венсан Касел отишол на истата плажа каде што одел со Тина, но овој пат во придружба на 30 години помладата Нара Баптиста, која е копија на неговата поранешна сопруга.
„Што?! Љубовницата ја замени со нејзина копија“, коментираа многумина, но Венсан не им обрнувал внимание на критиките.
Поврзани објави
Тој продолжил да излегува и да живее со Нара, која на Божиќ, 7 јануари, му родила син.
„Погледнете кој пристигна на 7 јануари 2025… веќе е буден, полн со здравје, љубов и поезија. Најкул типче што некогаш сте го виделе…“, напишал Венсан под фотографија од дрес на кој пишува Caetano.
Во секој случај, Венсан продолжува да си го исполнува својот животен сон: да има што повеќе деца, а дека тоа најмногу го посакува, го признал уште додека бил во брак со Моника Белучи.
ФОТО: Инстаграм @tinakunakey, @vincentkassel