Почетна Убавина и здравјеКралицата на бурлеската дошла во Кан и сите ги воодушевила: Доминира на 53 години!

Кралицата на бурлеската дошла во Кан и сите ги воодушевила: Доминира на 53 години!

од nenad
2 минути читај за

На осмиот ден на Филмскиот фестивал во Кан, на црвениот килим се сретнале Дита Вон Тис и Брук Најдер, за која се верува дека му е тајна девојка на Карлос Алкараз

На Филмскиот фестивал во Кан му се ближи крајот – наскоро ќе дознаете кој ќе ја освои годинешната престижна Златна палма. Оваа година натпреварувачката програма навистина е силна, а осмиот ден во Кан само го потврдил тоа. Своите филмови ги претставиле Андреј Звјагинцев, Педро Алмодовар и Енди Гарсија, кој работел 15 години на својот филм.

Најѕвездената премиера вечерта била проекцијата на филмот на Педро Алмодовар „Горчлив Божиќ“, кој добил деветминутни овации од публиката. Ова е единаесеттиот филм на овој режисер во Кан и осмиот во главна конкуренција.

„Никогаш не сум сретнал така топла публика како овде. Отсекогаш сум сонувал да дојдам тука, само да поминам низ оваа врата и да седнам овде… Многу ќе ми недостасува ова место кога во некој момент нема да можам да бидам овде“, рекол Алмодовар во киното Лимиер откако стивнал аплаузот.

Вреди да се напомене дека и покрај фактот што Алмодовар е редовен учесник на Филмскиот фестивал во Кан, никогаш не добил Златна палма, иако има освоено бројни награди, вклучувајќи и награди за најдобра режија („Сè за мојата мајка“) и најдобро сценарио („Враќање“).

Многу ѕвезди се појавиле на црвениот килим, но највпечатлива меѓу нив била кралицата на бурлеската. Дита Вон Тис го покажала својот препознатлив ретро-гламур, а магазинот W веќе го прогласил нејзиниот изглед за еден од највпечатливите на фестивалот. Дита е позната по својот ретро-стил, инспириран од златната доба на Холивуд, пин-ап фризурите и естетиката од 1940-тите и 1950-тите.


Поврзани објави

Шерон Стоун овој пат била заслужна за сјајот на црвениот килим, максимално истакнувајќи го волуменот на својот фустан. Ѕвездата на филмот „Основен инстинкт“ вешто ја заобиколила забраната за долги „опаши“ во Кан, така што својот црн балски фустан без ракави го надополнила со волуминозна наметка, која се спуштала неколку метри зад неа и била украсена со долги ленти, кои ѝ виселе од зглобовите.

Брук Најдер, за која се верува дека му е поранешна девојка на Карлос Алкараз, дошла облечена во фустан со длабоко деколте. И покрај тоа што нема наполнето ни 30 години, многумина сметаат дека се уништила со естетските корекции.

Што мислите вие? Чие издание ви се допаѓа најмногу?

ФОТО: ИНСТАГРАМ