Почетна Убавина и здравјеТреба да издвоите само 2,5 минути дневно! – Убавина и здравје

Треба да издвоите само 2,5 минути дневно! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Дознајте ја тајната на витата става

Сакате да ви откриеме тајна? Нема потреба од утро до мрак да кревате тегови во вежбалница или непрекинато да трчате за да го постигнете посакуваниот резултат, на пример, рамен стомак каков што има Бела Хадид.

5 вежби за рамен стомак

1. Подигнување на нозете од лежечка положба

Легнете на грб, испружете ги рацете во должина на телото. Свиткајте ги нозете така што бутовите и колената ќе сочинуваат агол од 90 степени. Вдишете, па при издишувањето спуштете ги нозете до подот. Вратете ги во почетната позиција.

2. Подигнување на карлицата

Останете во лежечка положба. Внимателно свиткајте ги нозете и подигнете ги малку. Обидете се да ги подигнете карлицата и задникот во вис, а потоа полека спуштете ги назад.

3. „Велосипед“


Поврзани објави

Кренете се на лакти. Наизменично виткајте ги и исправајте ги нозете, како да возите велосипед. Не брзајте, слушајте си го телото и чувствувајте како мускулите ви се напрегаат.

4. Ножички

Останете потпрени на лакти. Испружените нозе наизменично прекрстувајте ги една преку друга како ножици.

5. Положба на колена и дланки

Потпрете се на колена и дланки. Подигнете ги колената и задржете ги во таа позиција. Важно е да не го превиткувате долниот дел од грбот и да го држите ‘рбетот исправен.

Изведувајте ги сите вежби по 30 секунди. Тренингот ќе ви одземе само 2,5 минути во денот. Во комбинација со урамнотежена исхрана, резултатите ќе бидат видливи и по првите два месеца.

ФОТО: Lawrence Chismorie / Unsplash