На премиерата на својот трет филм свечено прикажан во Кан, Џон Траволта не можел да пропушти прилика да се пофали со својата убава ќерка Ела
26-годишната Ела е вистинска татина принцеза и Траволта не пропушта можност да ја покаже својата ќерка миленичка. Ѝ дал улога во своето големо филмско остварување, а таа дошла да го поддржи својот татко на филмскиот фестивал во Кан. Во таа пригода, сите забележале колку потсетува на него.
Траволта оваа година во Кан го преставил својот нов филм, проект зад кој комплетно стои самиот тој. Славниот актер ги потпишува сценариото, режијата и продукцијата на ова семејно авантуристичко остварување, додека во филмот се појавува и ќерка му Ела. Самиот Траволта во филмот има улога на наратор.
Младата актерка е неразделна од татко ѝ
На црвениот килим, таткото и ќерката се појавиле во усогласени елегантни комбинации. Џон носел софистициран триделен костим, додека Ела блескала во долг кадифен фустан, што го надополнила со дијамантски обетки, луксузен часовник и гламурозна фризура.
Тие им позирале на фотографите и за официјална фотосесија. Траволта се одлучил за комплетно црна комбинација, додека Ела носела впечатлив бел фустан со црни детали на модната куќа „Диор“.
Поврзани објави
За време на фестивалот, славниот актер доживеал и големо изненадување – добил Златна палма за животно дело. Видно емотивен, Траволта едвај ги задржал солзите додека го примал признанието.
„Ова е повеќе од Оскар“, кажал трогнатиот актер пред публиката.
„Какво изненадување! Не можам да верувам. Ова е последното нешто што го очекував“, извикнал актерот додека салата одекнувала од громогласниот аплауз.
Пред два дена присуствувале на фотографирањето кое е дел од промоцијата на фимот, во исчекување на премиерата на Propeller one-way Night Coach, во кој Ела глуми стјуардеса.
Ова е неговиот трети филм кој е премиерно прикажан во Кан, по Pulp Fiction од 1994 и She’s So Lovely од 1997 година.
ФОТО: Инстаграм