Џенифер Лопез важи за модна икона, но нејзиниот најнов стајлинг докажува дека и најзгодните жени можат да направат сериозен моден кикс и да искомбинираат нешто што едноставно — не оди заедно
Латино-дивата Џенифер Лопез со децении важи за неприкосновена икона на стилот. Нејзините изданија на црвениот тепих се анализираат со денови, нејзината фигура и во шестата деценија изгледа беспрекорно, а прочуениот „J.Lo glow“ одамна стана стандард за убавина. Сепак, нејзиното најново појавување е чист доказ дека дури и жена со ваква, вонсериска убавина може да направи сериозна модна утка и да дозволи лошиот избор на гардероба целосно да ја „проголта“.
На неодамнешниот настан „Netflix Upfront“, Џеј Ло прошета на црвениот тепих во креација која, благо кажано — визуелно збунува. Иако од неа сме навикнати на гламур, светки и елегантни кроеви што совршено ја следат линијата на телото, овој пат пред нас се најде вистинска стилска сложувалка составена од парчиња што едноставно не функционираат заедно.
Што тргнало наопаку?
Кога подобро ќе се погледне аутфитот, станува јасно зошто модните критичари останаа без зборови. Дизајнерот (или стилистот) се обидел во еден единствен стајлинг да „спакува“ барем три различни модни правци:
Бизарна комбинација на материјали
Горниот дел, во форма на сако, е изработен од тежок материјал што потсетува на брокат со цветен релјеф, кој зрачи со ретро, речиси старинска естетика. Но, здолништето одеднаш преминува во мазен, сјаен сатен со огромни асиметрични карнери на рабовите.
Поврзани објави
Премногу детали на едно место
Како цветниот дезен и тешките карнери да не беа доволни, тука е и препознатливото, екстремно длабоко деколте — нејзин заштитен знак — но и неочекувани проѕирни мрежести панели околу струкот, како и врвки во стил на корсет по средината на сакото.
Крој што ја „сече“ фигурата
Наместо да ги истакне нејзините познати облини, овој крој визуелно ги скратува нозете и ја проширува силуетата. Асиметричниот пад на здолништето и должината до листот дополнително ги нарушуваат пропорциите.
Она што секогаш ја спасува ситуацијата кога станува збор за Џенифер е нејзината неверојатна харизма и беспрекорниот мејкап-изглед. Ако се гледа само од вратот нагоре — што особено се забележува на крупните кадри — Џеј Ло изгледа како милион долари. Косата ѝ е совршено обликувана во раскошни бранови со прамени што го врамуваат лицето, додека шминката е беспрекорна — со нагласени трепки, бронзен тен и совршено исцртани nude усни.
Но, штом кадарот ќе се прошири, магијата исчезнува под слоевите неспоиви материјали и кроеви.
ФОТО: ИНСТАГРАМ