Рокерот со насмевка зборуваше за својот необичен стил и призна дека зад модниот избор стои многу едноставна причина
Познат по екстравагантниот стил и впечатливите модни комбинации, Ѓорѓе Давид со години привлекува внимание каде и да се појави. Особено коментирани беа неговите изданија со здолништа на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“.
Рокерот сега конечно откри зошто често носи вакви парчиња облека и призна дека не се грижи премногу за коментарите од јавноста.
Тоа што го носам потекнува уште од старите времиња. Таква облека носеле и војниците во далечното минато“, изјави Ѓорѓе Давид.
Сепак, тој низ шега објасни дека главната причина е многу поедноставна.
Поврзани објави
Зошто само жените да имаат привилегија да им биде удобно? Можеме и ние мажите малку да ги ладиме… нозете“, рече рокерот и ги насмеа присутните новинари пред почетокот на снимањето.
printskrin youtube – balkan u trendu dzorde david