Тиктокерката Кет стана вирална откако сподели видео во кое открива како дознала дека нејзиното момче ја изневерува. Начинот на кој вистината излегла на виделина ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.
Нејзиното момче, со кое била во врска осум години, купило нов „ајфон“, а токму тоа довело до откривање на неверството. Видеото, во кое Кет ја раскажува својата приказна, досега е прегледано повеќе од 13 милиони пати.
Таа признала дека чувствува како да „потрошила осум години од својот живот“ на човек кој подоцна се покажал како неверен партнер. Видеото го објавила со намера да им помогне на девојките и жените кои се сомневаат дека партнерот ги изневерува.
„Девојки, ова е за вас“
Кет вели дека никогаш не била од оние девојки кои им ги проверуваат телефоните на своите момчиња, но токму преку телефон случајно ја открила аферата.
За сите девојки кои, како мене, се гордеат со тоа што не ги проверуваат телефоните на своите момчиња – ова е за вас, порачала таа.
Сè почнало кога нејзиното момче купило нов „ајфон“, но ги изгубило контактите и СМС-пораките. Ја замолил Кет да му испрати порака за повторно да го зачува нејзиниот број.
На шега, таа му испратила порака со содржина:
Еј, секси, што правиш?“
Но наместо очекуваната реакција, добила одговор дека не може да разговара во моментот и дека ќе ѝ пише по пет минути.
Кет првично мислела дека се шегува, па продолжила да му испраќа провокативни пораки. Сепак, ситуацијата ѝ станала сомнителна кога пристигнале кај неа дома, а момчето веднаш се затворило во бањата.
Тогаш добила нова порака:
Поврзани објави
Возбуден сум, ќе се видиме ли вечерва?“
И понатаму уверена дека станува збор за шега, таа го прашала зошто би се виделе подоцна наместо веднаш.
Набргу стигнал и одговорот:
Во ред, ќе се обидам да дојдам што побрзо.“
Болното признание
Кога конечно излегол од бањата, момчето ѝ рекло дека не се чувствува добро и дека мора да замине дома. Притоа повторно ја замолил да му го испрати својот број за да го зачува во телефонот.
Тогаш Кет директно се соочила со него и му ја кажала вистината. По разговорот, тој признал дека последните две години тајно се гледал со друга девојка.
Нејзината приказна предизвика огромен интерес на TikTok, а во коментарите доби бројни пораки со поддршка од жени кои поминале низ слични искуства.
Ја изгубив љубовта на мојот живот по само шест месеци врска, кога го замолив да ми го даде телефонот за да проверам нешто на Google Maps, а тој панично реагираше и стана агресивен“, напишала една корисничка.
„Бевме заедно четири години. Нешто ми велеше да му го проверам телефонот пред три недели, па го направив тоа. Погодете што? Разговарал со друга девојка“, додала друга.
@catstoriesss HE WASTED 8 YEARS OF MY LIFE #redditstorytime #grwmstorytime #redditstories #fyp #ex ♬ original sound – Cat
Видео: Тикток