Почетна Убавина и здравјеКолку често треба да се купува долна облека: овие совети се клучни за интимното здравје

Колку често треба да се купува долна облека: овие совети се клучни за интимното здравје

од nenad
1 минути читај за



Стручњаците предупредуваат дека редовната замена на долната облека е важна за спречување на бактерии, иритации и инфекции

Редовната грижа за интимната хигиена не се однесува само на секојдневно перење, туку и на навремената замена на долната облека. Според медицински експерти, иако нема строго правило, се препорачува долната облека да се обновува на секои 6 до 12 месеци, особено ако се носи и пере често.

Причината за ова е што со тек на време ткаенината ја губи својата свежина и може да задржува бактерии и микрочестички, и покрај редовното перење. Тоа може да влијае на интимната микрофлора и да предизвика непријатности.

Лекарите предупредуваат дека носењето стара долна облека може да го зголеми ризикот од уринарни и габични инфекции, иритации и непријатен мирис. Особено е важно вниманието кај луѓе кои се поактивни или повеќе се потат.


Поврзани објави

Во пракса, гинеколозите советуваат почеста замена доколку долната облека се користи за спорт или интензивни активности, како и задолжително перење на високи температури за подобра хигиена.

Експертите заклучуваат дека редовното обновување на долната облека не е луксуз, туку важен дел од грижата за здравјето и превенцијата на инфекции.

printskrin youtube -ankit tv – dolna obleka