Почетна Убавина и здравјеЈелена преживеала пекол! – Убавина и здравје

Јелена преживеала пекол! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Мајка ѝ дошла во сиропиталиштето да ја посети, но не за да ја види, туку за да ѝ зададе уште посилен удар

Јелена од Русија ја споделила својата емотивна и потресна приказна во една група на Фејсбук, каде што отворено зборувала за своето тешко детство и за траумите што ги доживеала додека растела. Во својата исповед Јелена открива дека и покрај сѐ што преживеала, денес е среќна, омажена жена и мајка на три деца. Нејзината приказна дава увид во болните спомени и мигови што ги носи од деството, но и во силата и храброста што ѝ го овозможиле животот каков што го има сега.

„Денес сум среќна, мажена жена и мајка на три деца. Но кога бев дете, никому не му бев потребна. Многу добро се сеќавам на тој период од животот. Има многу моменти што постојано се обидувам да ги заборавам, но не успевам. Дури кога бев тинејџерка дознав дека ни татко ми не ме сакал. Но најстрашното сеќавање ми е тоа кога мајка ми ме остави сама во продавница. Имав само пет години“.

Тој ден заедно тргнале до продавница, иако Јелена се сеќава дека нивниот однос бил лош и дека мајка ѝ постојано ѝ велела: „Откако се роди, ми го загорчи животот.“

„Потоа остро ми нареди да ја почекам кај фрижидерот со сладоледи, да не се ни осмелам да тргнам по неа, бидејќи ‘сешто може да се случи’, се заврте и си замина“.

Додека стоела сама, ѝ пришол непознат човек и ѝ понудил да ѝ купи слатки, ја прашал зошто е сама и расплакана.

„Никогаш нема да ја заборавам реченицата на тој човек, не затоа што беше впечатлива и важна, туку затоа што во тој момент ми требаше утеха, ми требаше внимание, некој да ми покаже дека се грижи за мене.“

Поврзани објави

Набрзо потоа Јелена завршила во сиропиталиште. Постојано се надевала дека мајка ѝ ќе се врати по неа, дека само моментално била лута и дека ќе ѝ помине тоа чувство.

„Еден месец пред да ме посвои едно семејство, мајка ми дојде во сиропиталиштето, но не за да плаче, да ми се извини или да ми побара прошка, туку уште еднаш сурово да ми образложи како моето раѓање ѝ го уништило животот. Ми кажа дека поради мене нема кариера, дека е никој и ништо, дека не можела да пронајде среќа, бидејќи никој не сакал жена со дете. Дури и тогаш ја молев да не ме остава, но таа се заврте и со омраза во гласот ми ги дофрлаше најлошите работи што некој би можел да ми ги каже.“

По 30 години, Јелена конечно собрала сила да се потсети на тој настан и да пронајде благодарност во срцето.

„Дури сега можам да ѝ кажам: Ти благодарам, жено, што ми даде шанса да пораснам во нормално семејство, каде што родителите имаа доволно љубов за да посвојат оставено дете. Ти благодарам што со твојата сурова постапка ме научи да ги ценам оние што ме сакаат и кои се подготвени на сѐ за мене“, раскажала Јелена.

Јелена немала можност да ѝ го каже ова, но кога би се соочила со неа, би ѝ ја искажала својата благодарност за сето тоа што ја научило нејзиното заминување.

„Ја оставив болната сопруга во старечки дом и зажалив засекогаш“: Исповед на човек кој не може да си ја прости оваа грешка!