Пејачката без задршка зборуваше за „Ѕвездите на Гранд“, омилените евровизиски настапи и својот вкус за мажи.
Пејачката Сања Вучиќ пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во одлично расположение, а пред новинарите откри дека ниту оваа година нема да ја пропушти Евровизија. Таа призна дека е голем фан на натпреварувањето и дека со нетрпение го очекува полуфиналето.
Сања откри дека меѓу фаворитите ѝ е Данска, а пофални зборови имаше и за групата „Лелек“, која ја претставува Хрватска. Според неа, песната и сценскиот настап оставиле силен впечаток уште на прво слушање.
Кога станува збор за „Ѕвездите на Гранд“, пејачката призна дека знае жестоко да ги брани своите кандидати и дека често влегува во расправии со колегите од жирито. Сепак, додава дека таквите ситуации се нормален дел од шоуто.
Поврзани објави
На крајот, Сања Вучиќ откри и какви мажи најмногу ѝ се допаѓаат. Искрено призна дека нема одреден тип, но дека повеќе сака момци со „малку стомаче“ отколку премногу затегнати и мускулести.
printskrin youtube -SANJA VUCIC – IZ PROFILA