Пејачката проговори за односите во жирито и откри што навистина се случува зад камерите на популарното шоу.
Пејачката Ана Бекута пред новото снимање на „Ѕвездите на Гранд“ се осврна на тензиите во жирито, кои стануваат сè поголеми како што се ближи финалето. Таа низ шега призна дека имала „судир“ со Светлана Цеца Ражнатовиќ, но додаде дека секогаш стои зад своето мислење.
Ана објасни дека расправиите најчесто се поврзани со кандидатите и нивните настапи, а не со лични конфликти меѓу членовите на жирито. Според неа, проблемот е кога натпреварувачите не ги применуваат советите што ги добиваат за време на подготовките.
Поврзани објави
Пејачката нагласи дека истото се случува и со нејзините кандидати, бидејќи големата сцена носи притисок и трема. Таа смета дека одговорноста е кај натпреварувачот кога ќе застане пред жирито и публиката.
На крајот, Ана Бекута ги демантираше приказните дека со месеци не разговараат со колегите поради караници во шоуто. Таа порача дека со Цеца имаат сосема нормален однос и дека долгогодишните професионалци не би дозволиле вакви работи да ги нарушат нивните односи.
printskrin youtube -blic ana bekuta 5