Делегација на Македонската алијанса за европска интеграција им се поклони на борците од селото Туминец
Денеска делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со длабока почит им се поклони на борците од селото Туминец, хероите од Илинденскиот период и од Народноослободителната борба во Втората светска војна, кои со неизмерна пожртвуваност и љубов кон својот народ се бореа за слободата и достоинството на Македонците.
Туминец е село со богата и славна историја, кое низ генерации изнедрило храбри луѓе подготвени да ја жртвуваат сопствената судбина за идеалите на слободата. Нивниот подвиг останува врежан во колективната меморија како светол пример за патриотизам, храброст и непоколеблива верба во иднината.
Наш долг е да ги чуваме споменот и делото на овие великани и да им го пренесуваме на младите генерации како аманет дека слободата е најголемата вредност и дека идентитетот се брани со чест и достоинство.
Вечна им слава и благодарност на борците од Туминец!
Нивната жртва и нивното дело засекогаш ќе живеат во срцата на Македонците.
Post Views: 7