Почетна Убавина и здравјеДали вештачката интелигенција ќе го урне првото скалило на кариерната скала? – Убавина и здравје

Дали вештачката интелигенција ќе го урне првото скалило на кариерната скала? – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Нема сите да бидат во загуба поради вештачката интелигенција – Хенри Трикс, уредник за технологија на САД, Економист

Студентите на американските универзитети, кои ќе дипломираат во 2026 година, се првите членови на ChatGPT-генерацијата кои ќе дипломираат на четиригодишните студии. Уште на почеток на студиите, тие ја имаа генеративната вештачка интелигенција на располагање за сè, од размислување/препишување до лажирање семинарски трудови. На некои ова можеби им помогна лесно да дипломираат. Но надвор од кампусот, вештачката интелигенција би можела да стане кошмар додека ја чекаат својата шанса да влезат на пазарот на работа.

Во некои занимања кои бараат високо образование, тие кои во 2026 година првпат ќе чукнат на вратата на пазарот на трудот, ќе се соочат со нов вид вработени кои знаат повеќе, работат бесконечен број часови и воопшто не им е важна платата – ботови на кои се темели на вештачката интелигенција.

Според предвидувањата на аналитичката куќа Гартнер, до крајот на идната година дури 40% апликации, кои фирмите ги употребуваат за оптимизираност на работата, ќе имаат вградени „агенти“, втемелени на вештачката интелигенција, кои ќе работат заедно со луѓето или наместо нив. Во средината на 2025 година овој удел изнесуваше 5%.

Влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот е веќе видливо на дното од кариерното скалило. Истражувањето на податоците за платите во Америка, што го спровеле Ерик Бринјолфсон и соработниците на универзитетот Стенфорд, покажа двоцифрен процентен пад на вработеноста од 2022 година меѓу вработените на возраст од 22 до 25 години во секторите што се најизложени на вештачката интелигенција. Во секторот на развој на софтверот, падот досегна речиси 20%, додека истовремено во другите старосни групи е забележен пораст на вработувањата.

Дури и ако со усвојувањето на вештачката интелигенција се задржи на ниво на површност, службите на човечки ресурси можеби веќе „ќе се обидат да бидат чекор пред насоката во која светот се  движи“, вели г. Бринјолфсон. Неговата теза се потврдува и со истражувањето на Гаја Лихтингер и Сејед Хосеини, од Универзитетот во Харвард, според кои генеративната вештачка интелигенција најмногу им е од корист на оние кои ја воведоа – искусните вработени во фирмите.

Бројот на младите вработени во такви фирми почна да се намалува во почетокот на 2023 година, додека кај вработените на повисоки позиции тоа не беше случај. Главната причина за тоа е намалениот број на вработувања, а не зголеменото отпуштање работници.

Секако, сите нема да бидат во загуба поради раширената употреба на вештачката интелигенција. Среќниците кои ќе успеат да фатат место на пазарот на трудот можат да ја зголемат продуктивноста со помош на вештачката интелигенција и брзо да ги достигнат искусните колеги, исто како што возачот на Убер, кој се користи со навигација, може да вози речиси исто вешто како искусните таксисти.

Но, како и возачите на Убер, работниците мораат да бидат претпазливи да не дозволат надградбата брзо да прерасне во замена.

Се чини дека вештачката интелигенција ќе ја промени и структурата на фирмите во кои се вработуваат млади кои неодамна ги завршиле студиите.

Ден Прист, главен директор за вештачка интелигенција во PwC, компанија за книговодство и посредништво, смета дека фирмите кои ќе ја усвојат вештачката интелигенција би можеле да се претворат од „пирамидални“ (со мноштво луѓе на дното и малкумина на врвот) во „дијамантни“ структури (силна средна класа со малку луѓе на врвот и на дното).

Поврзани објави

Долгорочно, меѓутоа, Прист нуди и пооптимистично сценарио за младите кои сега стапуваат на пазарот на трудот: „песочен часовник“. Младите вработени кои неодамна ги завршиле студиите можеби се најспособни да научат како да ја искористат вештачката интелигенција, па наскоро би можеле да ја преминат технолошката тромавост на средната класа.

За студените, кои во 2026 година ги завршуваат студиите, тоа значи две можности.

Првата е да ги удвојат напорите за подобрување на писменоста во областа на вештачката интелигенција, бидејќи таа најверојатно веќе следната година ќе се најде на попис на најбараните вештини.

Втората е да се најде вработување во некои други сектори, како што е производството, кои не се толку осетливи на радикалните промени што ги носи вештачката интелигенција, и во кои полесно наоѓаат работа.

Густаво де Соуза од Федералната банка на САД во Чикаго во својата работа користеше податоци за усвојување на вештачката интелигенција во Бразил за да покаже дека во бразилските фабрики вештачката интелигенција ја зголемува стапката на вработување, бидејќи го олеснува управувањето со машините, иако истовремено автоматизираните канцелариски работи влијаат врз намалување на бројот на вработените.

Што ако вештачката интелигенција не доаѓа да го преземе работното место туку да ви понуди сосема нова кариера?“, се прашува тој.

Што и да одберат, младите со завршени студии можат со мирна душа да им порачаат на потенцијалните работодавци дека со невработувањето на младите таленти си нанесуваат штетат самите на себе. Претераната воодушевеност од вештачката интелигенција може краткорочно да ја подигне продуктивноста.

Долгорочно, секако, иднината на секоја фирма ќе биде неизвесна ако нема вработено квалификувани лица кои ќе застанат на раководните позиции по пензионирањето на сегашните раководни лица.

Текст: Економист: Светот во 2026-та

Фото: Freepik